Дома Фудбал Неверојатно: Меси во Барса секоја минута заработува 265 евра!

Неверојатно: Меси во Барса секоја минута заработува 265 евра!

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ денес ја шокира јавноста откако објави детали од договорот кој го има Лионел Меси со Барселона.

„Ел Мундо“ на насловната тврди дека има копија од договорот кој го потпишал Меси во 2017 гдоина и кој е вреден повеќе од 555 милиони евра. Тоа значи дека Аргентинецот годишно заработувал 139 милиони евра.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Откако станаа јасни сите детали од договорот на Меси, медиумите статистички пресметаа колку заработува Аргентинецот секоја минута и секунда во Барселона.

Меси во еден ден заработува 381.000 евра, што значи дека на час добива по 15.875 евра, а секоја минута заработува 265 евра. Дури пресметаа дека Аргентинецот според договорот заработува 4 евра секоја секунда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи доби сѐ, а Осимен трансфер во Галатасарај

На прагот е завршувањето на една од најголемите трансфер саги ова лето. Виктор Осимен дефи…