
Денес се појави веста дека Манчестер Јунајтед до крајот на денот ќе се обиде да го доведе Диего Годин, но експресно (за помалку од еден час) добија „корпа“ од Уругваецот.
Манчестер Јунајтед не успеа во намерата да го ангажира Диего Годин бидејќи стоперот веќе се договорил со Атлетико за нов договор.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Како што ексклузивно пренесува новинарот на „Скај Спорт“, Дармеш Шет, се започнало поради агентот на фудбалерот.
Всушност, агентот на Диего Годин бил тој кој го известил Јунајтед дека фудбалерот сака да се пресели на „Олд Трафорд“. По таквата добиена информација, Јунајтед испратил понуда до Атлетико, но фудбалерот ја одбил понудата.
„Мурињо навистина сакаше да го доведе Уругваецот, но подоцна сфати дека се било игра на менаџерот да издејствува подобар договор за својот клиент“, изјави новинарот.
Наводно, новиот договор на Годин е вреден 7.5 милиони евра по сезона.
Навистина неверојатно!