Дома Фудбал Неверојатно е каков гол беше поништен на ЕП: За се е виновна УЕФА!

Неверојатно е каков гол беше поништен на ЕП: За се е виновна УЕФА!

УЕФА одлучи во групната фаза на Европското првенство за играчи до 21 година, судиите да немаат помош од ВАР и за тоа плаќа висока цена.

Италија скапо ги плати последиците на отворањето против Франција, каде три сериозни судиски грешки ги чинеа пораз на младите „аѕури“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Недостигот од ВАР технологија го направи натпреварот меѓу Украина и Шпанија една од најголемите судиски грешки во последните години.

Двете екипи веќе ја поминаа групната фаза, но се играше за освојување на првото место во групата. Шпанија во натпреварот влезе како подобро рангирана по гол разлика и беше доволно само реми.

Црвената фурија стигна до гол. Украинскиот голман Руслан Нешчерет процени каде оди топката, притрча и ја фати, но потоа направи многу сериозна грешка.

Украинскиот голман ја губи топката, Рикелме ја прима, се наместува и постигнува гол, што би го довело до првото место.

Сепак, литванскиот судија Румсас се решава да го поништи голот од неразбирливи причини. Доволно беше да се погледне видеото за да се види каква грешка направил судијата.

На крајот овој меч заврши со резултат 2:2, а Шпанците до бод стигнаа во последните минути преку Руиз, па може да се каже дека правдата е задоволена.

Црвената фурија заврши на првото место поради подобра гол-разлика, Украина е исто така втора со седум бода, додека Хрватите и Романците освоија по бод со нерешени 0:0 во својот дуел.

Сензацијата беше видена во групата А, каде Грузија успеа да одигра 1:1 против Холандија и се пласираше со пет бода. Португалија заврши на второто место благодарение на победата над Белгија од 2:1.

Инаку, УЕФА одлучи ВАР системот на Европското првенство до 21 година се користи само од четврт-финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте збесна по елиминацијата од Купот: Ова не е добра сезона за ВАР и судиите!

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги објасни своите реакции кон судијата по елиминацијата…