Дома Видео Неверојатниот Јокиќ ја прекина низата на Јута, „магија“ на Визардс за 12 секунди

Неверојатниот Јокиќ ја прекина низата на Јута, „магија“ на Визардс за 12 секунди

Предводени од Никола Јокиќ, Денвер ја прекинаа низата на Јута од 11 победи со резултат 128:117.

Јокиќ беше феноменален. Натпреварот го заврши со 47 поени и со тоа го изедначи личниот рекорд во НБА. Додаде уште 12 скокови и пет асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На другата страна Бојан богдановиќ продолжи со добрите игри, на крајот постигна 29 поени, но не беше доволно за неговиот тим.

Вашингтон Визардс направија вистинска „магија“ во последните 12 секунди од натпреварот против Бруклин Нетс. Имаа -5, но со серија од 8:0 славеа со 149:146.

Резултати:

Индијана – Филаделфија 110:119
Торонто – Орландо 115:102
Вашингтон – Бруклин 149:146
Минесота – Кливленд 109:104
Денвер – Јута 128:117

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Неверојатниот Дончиќ продолжува да доминира, сè поблиску до наградата за МВП

Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната…