Дома Фудбал Италија Неапол вечерва точно во 20:45 ќе го испрати Диего со најсилниот аплауз во историјата

Неапол вечерва точно во 20:45 ќе го испрати Диего со најсилниот аплауз во историјата

Смртта на Диего Марадона силно го погоди Неапол каде што легендарниот Аргентинец имаше статус на божество.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марадона можеби и најдобрите денови во клупската кариера ги помина во дресот на Наполи каде што освои две Скудета, такво нешто пред неговото доаѓање беше незамисливо.

Имаше посебен однос со навивачите поради кои многумина ќе кажат дека за нив Марадона едноставно е божество и повеќе од човек.

Во Неапол навивачите од вчера започнаа да се простуваат од Марадона, но вечерва тоа ќе го направат така што ќе слушне целиот свет. Имено, Наполи игра на свој терен против Ријека во Лигата на Европа од 21:00 часот, а пред тоа овој град ќе биде во центарот на вниманието.

Соопштеное дека целиот град во 20:45 часот ќе му аплаудира на Марадона и тоа ќе биде најсилниот аплауз во историјата. Сите во Неапол добија порака вечерва во 20:45 часот да излезат и да аплаудираат на Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лукаку помогна на Белгија за бод против Египет

Екипите на Белгија и Египет одиграа реми од првото коло во групата “G” на Свет…