Дома Фудбал На 26 мај играат ново финале, а играчите на Реал сега ги добија подарците за титулата од Кардиф

На 26 мај играат ново финале, а играчите на Реал сега ги добија подарците за титулата од Кардиф

Фудбалерите на Реал Мадрид се уште добиваат награди за успехот од минатата сезона.

Со цел дополнително да ги мотивираат фудбалерите пред новото финале во Лигата на шампионите управата на „кралевите“ одлучи да им ги подели ветените подароци – „Ролекс“ часовници.


Реномираната „Марка“ пишува дека секој играч добил ист модел, „Ролекс Субермаринер“ чија вредност се проценува на скоро 25.000 евра, а под секој часовник е вграден натпис „Дудецима“.

Покрај часовниците фудбалерите добија вкупно 70 милиони евра за минатогодишниот успех односно освојувањето на Лигата на шампионите и првенството на Шпанија.

Нема сомневање дека Реал ќе знае да ги награди своите фудбалери доколку го совладаат Ливерпул во новото финале, но наградите веројатно би биле помали со оглед на слабите резултати во првенството и купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хујсен ги одбил богатите понуди од премиерлигашите: Извинете, ама сакам да играм за Реал Мадрид

Младиот шпански репрезентативец и дефанзивец на Борнмут, Дин Хујсен, ја одби можноста за т…