Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО На 20 април ќе се знае дали ќе има публика на ЕП

На 20 април ќе се знае дали ќе има публика на ЕП

УЕФА ќе донесе конечна одлука на 20 април за формата за допуштање на фанови на Европското првенство.

Тоа го соопшти денес претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој се надева дека ќе може да биде дозволено да се наполни 50% од капацитетот на стадионите.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Определивме краен рок од 20-ти април за конечна одлука што се однесува до фановите на ЕП. Идеалното сценарио е турнирот да се одигра на 12 стадиони, но ако тоа не е можно, тогаш ќе се игра во 10 држави“, истакна Чеферин.

Организаторите на Европското првенство ќе разгледуваат три сценарија – капацитет од 50, 30 или 20% од максималниот капацитет, како и одигрување на натпреварите без публика.

Македонија како учесник на ЕП натпреварите ќе ги игра во Букурепт и Амстердам, па наскоро ќе дознаеме дали ќе има фанови на трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Бајерн направи листа со пет „бомбастични“ имиња!

Баерн Минхен не успеа да го донесе Флоријан Вирц, но затоа сè уште брка жестоки имиња. Как…