Шпанската новинарка, Марија Моран објави на својот Твитер профил дека добивала страшни закани и навреди поради поставено прашање кон тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
Наводно, новинарката добивала закани за силување, но и смртни закани кон нејзината 18 месечна ќерка. Причина за заканите било прашањето кон Анчелоти за Винисиус Жуниор.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Дали еден црвен картон би го смирил Винисиус и би го спречил да протестира кон судиите“, било прашањето кое ги налутило навивачите на „кралевите“.,
Одговорот на Анчелоти на тоа прашање било дека нема потреба од исклучување за фудбалерот да подразмисли и дека жолтите картони се доволна опомена.