Дома Фудбал Англија На Солскјер му здосади: Истото прашање ми го поставувате секој втор ден (ВИДЕО)

На Солскјер му здосади: Истото прашање ми го поставувате секој втор ден (ВИДЕО)

0

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва на „Олд Трафорд“ играат против ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ се сметаа за аутсајдери кога беа извлечени паровите во осминафиналето поради очајната форма во која беа доека Жозе Мурињо беше на клупата.

Меѓутоа доаѓањето на Норвежанецот Оле Гунер Солскјер ги промени работите.

Солскјер со Јунајтед се договори за соработка до крајот на сезоната кога клубот ќе одлучува за неговата судбина. Норвежанецот е многу блиску до тоа да добие договор на „Олд Трафорд“.


Следете го Sportski.mk и на


Од натпревар во натпревар се зборува дека одредени натпревари се клучни за останувањето на Солскјер, сега наводно тоа се натпреварите со ПСЖ во Лигата на шампионите и Ливерпул во Премиер лигата.

„На многу начини ми го поставувате истото прашање. Морате тоа да го промените и да пресанете да ми го поставувате истото прашање секој втор ден. Ја сакам секоја секунда од кога дојдов тука. Знаете пред колкав предизвик се наоѓаме, играчите одлично одговорија на се што барав и не можевме да бидеме во подобра ситуација од сега“, изјави Солскјер.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Несторовски и Трајковски добија нов тренер

Искусниот италијански стратег, Делио Роси е нов тренер на Палермо, потврди денес клубот од…