Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори истрага за можен наместен натпревар на Македонија Ѓорче Петров во рамките од Конференциската лига.
Македонија Ѓорче Петров беше поразена од летонската РФС Лига со 4:1 во еден од двата натпревари и тој натпревар е под истрага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во согласност со својата долгогодишна практика УЕФА се воздржува од коментирање на истрагите, па дури и од постоење потенцијални истраги за наводно местење натпревари. Целта е да не се компромитираат истражните процес.
Во однос на активностите против местење натпревари на национално ниво УЕФА обезбедува широк спектар на експертиза на своите национални асоцијации и посебно за својата мрежа службеници за интегритет“, објави Европската куќа на фудбалот.
Претходно за овој натпревар сомневање изразија полски медиуми објавувајќи дека била забележана уплата од 250.000 евра во 35. минута дека до крајот на полувремето ќе падната два гола, во тој момент резултатот беше 0:0.