Дома Фудбал Англија На Островот се најавува пресврт: Лампард пред враќање во Челзи!

На Островот се најавува пресврт: Лампард пред враќање во Челзи!

Грем Потер за викендот и официјално доби отказ во Челзи, а американскиот газда Тод Боели е во потрага по негов наследник.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Се споменуваа Јулијан Нагелсман и Луис Енрике, меѓутоа според последните информации од Островот дошло до голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ и нов стратег на „сините“ би можел да биде Френк Лампард.

За клупската легенда на „сините“ тоа би било камбек во клубот. „Дејли Мејл“ тврди дека Лампард не е само опција, туку и најсериозен кандидат во овој момент.

Информациите се дека тој постигнал вербален договор до крајот на сезона, а потоа во зависност од неговата работа би се одлучувало дали ќе остане.

Лампард веќе еднаш го водеше Челзи и тоа во тежок период кога клубот имаше забрана за трансфери, а отказ доби во јануари 2021 година. Останува да се види дали сега ќе добие нова шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Драма во Реал Мадрид: Мбапе го прекине молкот по жестоките критики

Килијан Мбапе одлучи јавно да одговори на критиките што во изминатиот период доаѓаа на нег…