Дома Фудбал На „Ноу Камп“ вчера го видовме најбизарниот црвен картон во време на коронавирусот

На „Ноу Камп“ вчера го видовме најбизарниот црвен картон во време на коронавирусот

Барселона без поголеми проблеми со 2:0 го победи Леганес и после 29 кола ќе остане на лидерската позиција во Ла Лига.

Во судиското продолжение на „Ноу Камп“ го видовме најбизарното исклучување во периодот на коронавирусот. Кога натпреварот практично беше завршен исклучен беше тренерот на гостите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, во последните секунди од натпреварот Хавиер Агиере имитираше звук на свирче па судијата Мартинез Мунера му покажа црвен картон.

„Го имитираше звукот на свирчето со цел да ги збуни играчите, а претходно беше предупреден“, напиша Мартинез во судискиот извештај.

Инаку, во Леганес се незадоволни од судењето со оглед на тоа дека Барселона доби дискутабилен пенал кој го реши прашањето на победникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…