Кевин Принс Боатенг повеќе не е член на Барселона.
Иако утрово се појави шокантна најава дека Барселона размислува да го откупи договорот на Боатенг, сепак овој фудбалер кариерата нема да ја продолжи во шпанскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа од денес е дефинитивно. Боатенг сега е грижа на Сасуоло каде што ќе се врати откако Барселона не сакаше да го откупи неговиот договор.
Боатенг од Барселона се прости преку неговиот Инстаграм профил и им се заблагодари на сите кои му помогнале во клубот во претходните шест месеци.
Сасуоло се надеваше дека може да заработи осум милиони евра, но ќе мора да го продаде некаде на друго место.
Според последните информации најсериозен кандидат да го доведе Боатенг во овој момент е турски Бешикташ.