Дома Останати Ракомет На ЕП во јануари ќе може да играат само вакцинирани ракометари?

На ЕП во јануари ќе може да играат само вакцинирани ракометари?

Според последните најави на Европското првенство во Словачка и Унгарија кое следи во јануари би можеле да биде дозволен настап само на вакцинирани ракометари.

ИХФ и ЕХФ се пред конечна одлука за преземање дополнителни мерки за заштита од коронавирусот и сериозно се размислува за воведување за задолжително вакцинирање за големите турнири.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Да, точно е. Се размислува на Светското првенство за жени во Шпанија и Европското во машка конкуренција во Словачка и Унгарија да биде дозволен настап само на вакцинирани ракометари“, изјави претседателот на ракометната Бундеслига, Уве Шеванкер.

Ќе потсетиме и Македонија е учесник на Европското првенство кое се игра во јануари. Во деновите кои следат се очекува средба на челниците на ЕХФ и по таа средба се би било официјално познато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Калид повеќе не е ракометар на Пелистер!

Македонскиот шампион Пелистер и Мохамед Калид Валид спогодбено ја прекинаа соработката пре…