Дома Фудбал Останато На голманот на Шапикоенсе му ги ампутираа нозете

На голманот на Шапикоенсе му ги ампутираа нозете

Голманот на Шапикоенсе Џексон Фолман ја преживеа авионската несреќа кај Меделин, но за жал останал без двете нозе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фолман е еден од тројцата фудбалери, односно еден од шестмината, кои ја преживеаја авионската несреќа во која животите ги загубија 75 луѓе, од кои 19 фудбалери и 20 новинари.

Поради сериозноста на повредите лекарите морале да му ги ампутираат двете нозе и неговата состојба е критична.

„Знаете дека се минимални шансите да преживеете авионска несреќа. Мораме да му се заблагодариме на Бога што нашиот син е жив. Вистина е дека му се ампутирани нозете, но не знаеме каква е неговата состојба. Ова е агонија за која чувствувам дека никогаш нема да помине“, изјави таткото на Фолман, Паул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо се јави по критиките и очајниот настап против Конго (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по ремито со Демократска Република Конго, изјав…