Дома Трансфер зона На Вида му расте цената, Бешикташ доби уште една БОГАТА понуда од Англија

На Вида му расте цената, Бешикташ доби уште една БОГАТА понуда од Англија

Стоперот на Хрватската репрезентација, Домагој Вида импресионираше на Мундијалот во Русија и сега му се смее трансферот на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вида во тандем со Дејан Ловрен одигра одлично во Русија и е еден од најзаслужните за пласманот на Хрватска во финалето. Изгледа дека Вида сега би можел да му се придружи на Ловрен и во клупските води, бидејќи Ливерпул не се откажува од неговиот трансфер.

Имено, Бешикташ претходно доби понуда од Ливерпул за Вида во износ од 15.9 милиони фунти, но таа беше одбиена. Денеска турските медиуми соопштуваат дека Бешикташ доби нова, побогата понуда од Ливерпул и тоа во износ од 17.5 милиони фунти.

Сепак, Бешикташ наводно сака многу повеќе пари за Вида кој во турскиот клуб пристигна уште во јануари оваа година од Динамо Киев. Добрите игри на Вида на Мундијалот сигурно ќе му одат на рака на Бешикташ кој својот стопер ќе сака да го продаде поскапо, а изгледа дека „Црвените“ немаат намера така лесно да се откажат од неговото доаѓање на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…