Дома Фудбал Англија На Венгер му се бројат деновите, познат е човекот кој ќе го преземе кормилото на „Топчиите“

На Венгер му се бројат деновите, познат е човекот кој ќе го преземе кормилото на „Топчиите“

Венгер изминатата сезона го освои ФА Купот со Арсенал, што најверојатно му ја спаси позицијата на „Емирати“.

Претходно во лигата остана без пласман во ЛШ, а како што стојат работите борбата за местата кои водат во елитното натпреварување и оваа сезона ќе биде пеколна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Венгер летово парафираше двегодишен договор со „Топчиите“, па реално е следната сезона да му биде последна на клупата на тимот од северен Лондон.

Се чини дека е таков планот на управата, со оглед на тоа дека веќе е познато кој по тој период ќе го наследи францускиот стратег.

Имено, идејата е на негово место да седне некогашниот играч на Арсенал, Микел Артета.

Шпанецот кариерата ја заврши во Арсенал, управата на клубот од престолнината му го понуди местото на Венгер, но тој одлучи да се повика на понудата од својот сонародник, Пеп Гвардиола, па така стана асистен на трофејниот шпански стратег во Манчестер Сити.

„Граѓаните“ блескаат оваа сезона, јасно е дека свој удел има и Артета, а нема сомнеж дека во следните година и половина Шпанецот ќе има што да научи од најдобриот тренер на денешницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…