Дома Фудбал Останато На Валверде почнува да му се „тресе“ столчето: Барса веќе го контактирала потенцијалниот наследник?

На Валверде почнува да му се „тресе“ столчето: Барса веќе го контактирала потенцијалниот наследник?

Фудбалерите на Барселона во минатото коло забележаа уште еден кикс и веќе трет натпревар се без победа, овој пат тие одиграа само 1:1 против Атлетик Билбао.

Каталонскиот клуб од поодамна не бил во поголема криза кога во прашање е домашното првенство бидејќи веќе три кола се без победа. Барса на домашен терен ремизираше против Џирона и Атлетик Билбао, а помеѓу овие две средби доживеаа изненадувачки пораз од Леганес.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во шпанските медиуми веќе на големо се шпекулира дека управата на Барселона не е задоволна од тоа како Ернесто Валверде си ја извршува својата задача, наводно најмногу му замеруваат на честите промени во составот. Кога водите клуб каков што е Барселона и три натпревари сте без победа јасно е дека не сте во најдобра позиција.

Поради таквата ситуација се појави и вест дека Барселона одлучила да реагира во случај Валверде да заработи отказ и веќе му спремаат замена.

Според некои информации клубот веќе го контактирал Арсен Венгер за кого веруваат дека со неговата филозифија може да придонесе за успех, но и атрактивен фудбал на „Ноу Камп“.

Ќе потсетиме, Венгер од напуштањето на Арсенал е без работа, а неодамна излезе во медиумите дека се уште не е пензиониран, што значи дека наскоро би можеле да го гледаме во некој клуб.

Дали тоа навистина може да биде Барселона останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чурлинов откако го сруши Копенхаген среде Данска: Не сум само јас херој!

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов во вчерашниот натпревар на Јагелонија во Данска проти…