Дома Фудбал Останато Најчудните гласања во изборот на „Златната топка“: Следеа ли овие луѓе што се случува во Европа!?

Најчудните гласања во изборот на „Златната топка“: Следеа ли овие луѓе што се случува во Европа!?

На Лука Модриќ вчера во Париз му беше доделена „Златната топка“, но гласањето го обележаа низа чудни одлуки на одредени држава.

Од 2016 година во изборот на „Франс Фудбал“ повеќе не гласаа капитените и селекторите на репрезентациите, туку само новинари од 180 земји. Оваа година многу од нив станаа хит на друштвените мрежи откако беа објавени комплетните резултати во изборот во кој Модриќ славеше убедливо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бишек Тарас Хлипенко од Киригастан на првото место го ставил Тибо Куртоа, а уште полуд на Алберт Станислас Комбобак од Средноафричката Република кој најмногу бодови му даде на Карим Бензема. Треба да потсетиме дека Бензема минатата сезона во Примера постигна само пет голови.

Бизарен беше изборот и на претставниците на Свети Кристофор: 1. Нејмар, 2.Рамос, 3.Суарез, 4.Алисон, 5.Агуеро.

Сомалиецот Абидази Годах на првото место го стави Луис Суарез.

Единствен од 180-те новинари кои погодија како ќе изгледа редоследот на најдобрите во светот е Ве Вон-Сеок од Јужна Кореја.

Тука можете да погледнете како гласаше нашиот преставник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал: Фудбалер на Селта бил расистички навредуван против Барселона!

Тренерот на Селта Клаудио Хиралдес изјави дека навивачите на Барселона расно го навредувал…