Дома Трансфер зона Најскапото засилување пристигнува на „Енфилд“ 6 месеци порано

Најскапото засилување пристигнува на „Енфилд“ 6 месеци порано

Наби Кеита ова лето потпиша за Ливерпул и стана најплатен фудбалер во историјата на англискиот клуб, но договорот е дури следното лето да се пресели на „Енфилд“.

„Црвените“ искешираа повеќе од 50 милиони евра за Кеита, кој според договорот ќе остане во Лајпциг до крајот на сезоната.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сепак, англиските медиуми и новинари блиски до Ливерпул тврдат дека играчот може да се пресели на Островот 6 месеци пред планираното.

„Поради клаузулата која ја имаше Кеита во договорот од 48 милиони фунти, Лајпциг се согласи да го реализира трансферот ова лето. Целиот овој трансфер има смисла и е добар за сите три страни, освен ако Кеита не се повреди. Постои реална можност Кеита да пристигне во Ливерпул 6 месеци порано“.

„Иско така во Ливерпул сметаат дека Емре Чан ќе потпише со Јувентус уште во јануари, па сакаат на време да го донесат Кеита како негова замена. Шансите за ова ќе бидат уште поголеми доколку Лајпциг биде елиминиран од Лигата на шампиони“, изјави извор близок до клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…