Дома Трансфер зона Најскапиот голман на светот на продажба по „дисконтна“ цена

Најскапиот голман на светот на продажба по „дисконтна“ цена

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е подготвен да го продаде голманот Кепа Аризабалага на крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот голман кој во 2018 година беше платен дури 80 милилиони евра не ги оправда очекувањата и сега е резерва на Менди, кој брани одлично.

Кепа е најскап голман на светот, но ја грее клупата за резерви, па и самиот е спремен да ја промени средината на лето.

Оваа сезона добро го искористи отсуството на Менди, кој со Сенегал го освои Афринакскиот куп. Поради формата во која се наоѓа во Челзи се надеваат дека ќе можат добро да заработат од неговиот трансфер.

Сепак, јасно е дека „сините“ нема да можат да вратат ни половина од сумата која ја платија на Атлетик Билбао за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…