Дома Фудбал Англија Најмалку учествуваше во освојувањето на титулата, но во славеничката вечер привлече најмногу внимание

Најмалку учествуваше во освојувањето на титулата, но во славеничката вечер привлече најмногу внимание

Бенџамин Менди е вистински шегаџија, кој во борбата за тронот “најоткачен фудбалер” му се приближува на Марио Балотели.

Менди е скапо засилување на Сити од Монако, но и покрај тоа одигра само пет натпревари, од кои четири во Премиер лигата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓутоа, кога веќе не играше на теренот, тој со “игра” покрај него учествуваше во освојувањето на титулата. Од доаѓањето на Етихад, Менди е задолжен за добрата атмосфера, а со своите разновидно активности на социјалните мрежи често беше во прв план.

Овој пат објавата на Сити на Твитер по повод освојувањето на титулата, која ја осигура вчера откако Јунајтед доживеа пораз од ВБА, Менди ја корегираше за своите потреби. Ликовите на Агуеро, Де Брујне, Компани, Силва, Хесус и Стерлиг беа на карикатурната фотографија која ја објави Сити на Твитер, а потоа Менди објави своја верзија.

На местото на Стерлинг ја стави својата глава и така повторно стана Твитер ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…