Дома Топ вести „Најк“ го расипа изненадувањето – Кутињо е веќе играч на Барса

„Најк“ го расипа изненадувањето – Кутињо е веќе играч на Барса

Техничкиот спонзор на фудбалскиот клуб Барселона, компанијата „Најк“ на кратко на официјалната интернет-продавница на каталонскиот клуб го додаде дресот со презимето на играчот на Ливерпул, Филипе Кутињо.

Набрзо производот беше тргнат од понудата, но поединци успеале да го сликаат „спорниот“ дрес и фотографијата се рашири на социјалните мрежи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај тоа URL-адресата е со датму 1 јануари 2018 година па се верува дека каталонскиот клуб во првиот ден од новата година ќе го најави потпишувањето на Бразилецот.

Дали станува збор само за шега на некој хакер ќе дознаеме многу брзо.

Барселона сакаше да го ангажира Кутињо и минатото лето, но тогаш Ливерпул ги одби сите понуди на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…