Дома Македонски спорт Најдобрите жени спортисти кај нас за 2019 година

Најдобрите жени спортисти кај нас за 2019 година

На 20ти декември се одржа гала настан ,,Вечер за жени во спортот,, кој втора година по ред се организира во Р.Македонија.

На овој настан во свечена атмосфера  се доделија награди во дванаесет категории. Овој настан е организиран од невладината организација ТАКТ,Скопје која е активна на полето на унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт и e поддржан од амбасадата на Кралството Холандија, амбасадата на Обединето Кралство, амбасадата на Кралството Шведска, Хорус и други.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


,, Целта на овој настан е да се истакнат сите значајни достигнувања на спортистките за 2019та но и да се потенцираат успесите на девојките и жените кои своето време го поминуваат на спортските терени, во улога на тренер, судијка, менаџерка. Целта на овој настан е да го афирмираме успехот на сите жени кои делуваат во спортскиот сектор и да ја афирмираме заложбата за родова еднаквост во спортот зашто потребна ни е еднаквост на спортските терени, на спортските натпревари, еднаква финансиска поддршка, еднаква медиумска застапеност и еднаква застапеност во управувачките тела и креирање на политики,, изјави претседателката на ТАКТ, Силвија Митевска.

Прогласени победнички во 12те категории:

Најнадежна млада спортистка

Миа Тодорова

Најголем придонес во училишен спорт

Анета Глигорова

Најдобар женски тренер

Жаклина Стојановска

Најдобра судијка

Ивана Пројковска

Најголем општествен придонес преку спорт

Македонска Асоцијација Бочија

Најуспешна спортска менаџерка

Зорица Блажевска

Спортски подвиг на годината

Тина Несторовска

Посебно признание за животно дело

Индира Катратовиќ

Најдобра спортистка со инвалидитет

Сара Дура

Најдобра спортистка во колективен спорт

Наташа Андонова

Најдобра спортистка во индивидуален спорт

Пулексенија Јованоска

Најдобра спортистка за 2019та година

Адријана Поп Арсова

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракометарките поразени со 13 разлика во втората контролка со Австрија

Maкедонските ракометарки претрпеа пораз и во втората контролка со Австрија. Ако во првиот …