Дома Фудбал Најдобриот стрелец на Примера се договори со Атлетико

Најдобриот стрелец на Примера се договори со Атлетико

Џирона минатата сезона ги воодушеви сите фудбалски фанови ширум светот, го освои сензационалното трето место во шпанската Примера дивизион и за прв пат во историјата се пласираше во Лигата на шампионите.

Клубот од Каталонија до овој историски успех стигна најмногу благодарение на најдобриот стрелец во шпанското првенство, Украинецот Артем Довбик, кој постигна 24 гола и целосно „експлодира“ во една од најсилните лиги во светот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Навивачите на Џирона се надеваат дека Довбик ќе дебитира во Лигата на шампионите, но Атлетико Мадрид е подготвен да им ги расипе плановите.

Имено, како што пренесуваат медиумите во Шпанија, клубот од Мадрид постигнал договор со 26-годишниот Украинец, кој е многу блиску да го облече дресот на „јорганџиите“.

Поточно, него го делат 40.000.000 евра кои Атлетико треба да ги уплати на сметката на Џирона за да ја активира откупната клаузула за трансфер на корпулентниот стрелец.

Покрај Довбик, Атлетико наводно е многу блиску до реализација на уште еден трансфер. Станува збор за стоперот на шпанската репрезентација и Реал Сосиедад, Робин ле Норман, за кого ќе издвојат меѓу 25 и 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…