Дома Трансфер зона Најбараниот дефанзивец се договори со Милан

Најбараниот дефанзивец се договори со Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан постигнало договор со холандскиот дефанзивец Свен Ботман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Агентот на Свен Ботман, Ник Бруинберг вчера беше во Милано на состанок со раководството на „росонерите“ и наводно бил постигнал комлетен договор за личните услови.

Ботман е еден од најбараните дефанзивци во Европа и на лето сигуно ќе го напушти Лил, а Милан сака да ја победи конкуренцијата.

22-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, а во јануари одби богата понуда од Њукасл.

Ботман постигнал договор со Милан за 5-годишна соработка и годишна плата од 2,5 милиони евра.

Италијанскиот клуб наскоро ќе започне преговори со Лил и се очекува двете страни да најдат договор за трансфер од 30 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…