Натпреварот помеѓу Болоња и Милан кој треба да се игра викендов се доведе во прашање поради поплавите во Болоња и домаќинот вели дека услови за игра нема и натпреварот ќе се одложи.
Меѓутоа поради густиот распоред во европскиот фудбал челниците на лигата не сакаат да си направат дополнителни проблеми и не прифаќаат одложување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Болоња и Милан играат во Лигата на шампионите и Копа Италија, а Милан ќе има одложен натпревар и во јануари поради Суперкупот. Во таква ситуација Серија А не сака со ново одложување да си создаде проблеми.
Во овие моменти се водат разговори и Болоња добила две предлози. Првиот е да се игра натпреварот пред празни трибини, додека втората средбата да се премести во Комо на „Синигаглиа“ стадионот.
Конечната одлука околу тоа дали натпреварот ќе се игра треба да се донесе во текот на денот.