Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис спрема голем „подарок“ за новиот тренер Карло Анчелоти, но воедно и договор на Јувентус за трансферот на Кристиано Роналдо.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи ја започнал „операцијата Кавани“ и сака да го врати Уругваецот на „Сан Паоло“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на ПСЖ е спремно да се раздело со Кавани за сума околу 50 милиони евра. 31-годишниот напаѓ пристигна во Париз за сума од 65 милиони евра пред пет години точно од Наполи.
Де Лаурентис е спремен да ги задоволи финансиските барања на ПСЖ и на Кавани му понудил договор на 4 сезони. Италијанските медиуми тврдат дека наскоро ќе започнат преговорите и се оптимисти дека трансферот ќе се реализира.
Кавани не крие дека сака да се врати во Италија и повторно да го облече дресот на Наполи каде беше идол на навивачите.
With @Cristiano joining @juventusfc for €105m, could @sscnapoli respond by bringing @ECavaniOfficial back to the San Paolo?
Here’s a quick piece outlining why El Matador may return this summer ??#Mercato #Cavani https://t.co/15fyz6RplM https://t.co/UQwG167mJy
— SSC Napoli News (@SSCNapoli_News_) July 12, 2018