Дома Трансфер зона Наполи најде замена за Реина… и тоа каква

Наполи најде замена за Реина… и тоа каква

Наполи е во потрага по квалитетен голман откако стана јасно дека Пепе Реина ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако многу имиња се поврзуваа со „наполитанците“, денес италијанските медиумит открија дека изборот на Наполи е португалскиот голман, Руи Патрисио.

Руи Патрисио брани фантастично во дресот на Спортинг Лисабон и во португалската репрезентација. Наполи веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и наводно постигнале начелен договор.

Руи Патрисио има договор со Спортинг до 2022 година и во него има откупна клаузула од 45 милиони евра. Сепак, Наполи е спремен да понуди 25 милион евра, па наскоро ќе почнат преговорите.

„Медиасет“ пренесува дека постои оптимизам за договор помеѓу двата клуба, па најверојатно Руи Патрисио ќе биде новиот голман на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…