Дома Трансфер зона Наполи испрати прва понуда – на потег е Атлетико!

Наполи испрати прва понуда – на потег е Атлетико!

Наполи го загуби Гулам до крајот на сезоната поради повреда и сега е во потрага по квалитетна замена, а прва мета е Врсаљко од Атлетико Мадрид.

Хрватскиот репрезентативец игра подеднакво добро како лев и десен бек,а и самиот е спремен да враќање во Италија бидејќи кај Симеоне не е прва опција.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе испратил првична понуда до Атлетико Мадрид од 14 милиони евра и сега чека одговор.

Проблем е што „јорганџиите“ не сакаат да го пуштат фудбалерот така лесно и за неговата слобода бараат 20 милиони евра.

Наводно Наполи веќе има договор со Врсаљко, а се очекува во зимскиот преоден рок и Атлетико да даде зелено светло за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…