Рафаел Надал без поголеми проблеми се пласираше во четвртфиналето на Местерсот во Рим, откако со 6-4, 6-1, славеше против Канаѓанецот Денис Шаповалов.
19-годишниот Шаповалов имаше сили да се надигрува само во првиот сет, кој Надал го освои само со еден брејк, но затоа во вториот сет не му даде никаква шанса на противникот и победи со 6:1 за пласман во четвртфиналето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во четвртфиналето Надал ќе игра против Давид Гофан кој го продолжува настапот во Рим откако во осминафиналето Хуан Мартин дел Потро му го предаде мечот поради повреда.