Дома Останати Тенис Надал брзо и лесно против Качаров

Надал брзо и лесно против Качаров

Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Вимблдон. Шпанскиот тенисер во рамки на третото коло го совлада Русинот, Качаров со 3:0, односно 6:1, 6:4 и 7:6.

Надал жестоко влезе во мечот. Во првиот сет му допушти на ривалот само еден гем, па потоа се лесно течеше до триумфот.

Сепак, рускиот теснисер не се предаде. Одигра одлично во следните два сета, но против Надал едноставно не можеше. Вториот и третиот сет завршија со 6:4, односно 7:6 во корист на Шпанецот кој оди во осминафиналето.

Во следната рунда, Надал ќе се соочи против Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…