Дома Фудбал Англија Навивачите ќе збеснат – ништо од продажбата на Манчестер Јунајтед!

Навивачите ќе збеснат – ништо од продажбата на Манчестер Јунајтед!

Долго се најавуваше, имаше информации дека е се завршено, но на крајот – ништо!

Семејството Глејзер на крајот одлучи да го тргне Манчестер Јунајтед од пазарот и воопшто да не чекаат нови понуди.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред девет месеци семејството објави дека клубот е на продажба и како најсериозни кандидати до крајот важеа катарскиот шеик Џасим и британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф.

Изгледаше дека трката ја добил Катарецот и се најавуваше дека е потребно само официјализација на документите.

На крајот сепак, зделката пропадна. Веднаш по таквата информација акциите на Манчестер Јунајтед на њујоршката берза паднаа од 23.66 долари на 19.35 долари. Главната причина поради откажувањето наводно е тоа што никој не бил спремен да плати шест милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе се познава костурот во Лигата на шампионите: Кој со кој не може да се сретне до полуфиналето и финалето во ЛШ?

Зад нас е шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по кое потенцијално можем…