Дома Фудбал Во страшниот пожар во Швајцарија тешко повреден и фудбалер

Во страшниот пожар во Швајцарија тешко повреден и фудбалер

Во последните денови, Швајцарија е погодена од една од најголемите трагедии во својата историја, откако пожар во барот „Le Constellation“ на скијалиштето Кранс-Монтана зеде најмалку 40 животи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Покрај овие жртви, во пожарот се повредени 115 лица, меѓу кои и младиот француски фудбалер Тахирис Дос Сантос (19), кој со своите пријатели бил на одмор во Кранс-Монтана за време на новогодишните празници.

Дос Сантос и неговите пријатели биле во преполниот бар кога пламените лизгнале по нискиот дрвен таван, што предизвикало брз “блесок” со сериозни пожари во просторијата, објаснија пожарникарите.

Повредата на Дос Сантос официјално ја потврди и неговиот клуб Метц, каде што игра оваа сезона. Фудбалерот е со хеликоптер транспортиран во Германија, каде се лекува од тешки изгореници.

“ФК Метц со длабока жалост објавува дека Тахирис Дос Сантос, млад играч на клубот, е повреден во пожарот во Кранс-Монтана. Клубот стои зад неговото семејство со целосна поддршка. Ние соработуваме со медицинските тимови за да го организираме трансферот на Тахирис од Германија во блиската болница Мерси”, соопшти Метц и најави дека ќе информираат доколку има значајни новини.

Во меѓувреме, како последица на трагедијата, во Швајцарија е прогласена петдневна жалост за време на која знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

Идентификацијата на загинатите останува приоритет во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Реал организираше збогувачка вечера – еден човек не е поканет!

Дани Карвахал по 13 години заминува од Реал и затвора едно од најтрофејните поглавја во ис…