Како и што се најавуваше Анхел Ди Марија вчера вечер пристигна во Торино, а денес ќе ги помине медицинските прегледи после што ќе стави потпис на договор со Јувентус.




Ди Марија во Торино пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ и се очекува да потпише едногодишен договор. Утрово Аргентинецот беше пречекан од фановите на Јувентус пред медицинскиот центар во Торино.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Покрај Ди Марија во Торино се очекува наскоро да пристигне и Пол Погба, кој доаѓа исто така бесплатно. Доаѓањето на Погба според најавите би требало да се случи вечерва или утре.



