Французинот Погба и Швеѓанецот Ибрахимовиќ ќе се вратат на целосен тренинг и ќе бидат подготвени за натпреварот кој Манчестер Јунајтед ќе го одигра овој викенд против Њукасл.
Нивното враќање би требало да значи многу за тренерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо кој со нивна помош треба да го достигне заостатокот од осум бода во однос на Манчестер Сити и да се подготви за гостувањето против Базел во рамките на Лигата на Шампионите.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Потсетуваме, Погба пропушти 12 натпревари за Манчестер Јунајтед откако се повреди во домашната победа против Базел во рамките на Лигата на Шампионите, додека Ибрахимовиќ е надвор од теренот уште од април кога се повреди против Андерлехт.
Да додадеме дека Јунајтед е во криза на голови, најмногу поради тоа што нивниот прв избор во нападот, Ромелу Лукаку престана да постигнува голови. Јунајтед го доведе Лукаку минатото лето од Евертон и тој имаше одличен старт. Сепак, на последните седум натпревари не постигна гол и враќањето на Ибрахимовиќ ќе биде од огромна корист за „црвените ѓаволи“.
Потсетуваме, следниот натпревар во Премиер лигата Манчестер Јунајтед го игра на домашен терен против Њукасл во сабота од 18:30.