Победата од 5:0 во Порто е најдобриот показател за силната офанзивна игра на Ливерпул оваа сезона и основен план за да ги задржи главните играчи.
„Црвените“ го продадоа Филип Кутињо и заработија доста пари, па Јирген Клоп може да размислува за засилувањата и управата да има доволно буџет за да ги задоволи барањата кога станува збор за нови договори со играчите. Мухамед Салах и Садио Мане се клучните фигури во играта на „Црвените“ оваа сезона, а ова дуо наскоро ќе добие нови договори со зголемени приходи.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Салах пристигна за 38 милиони фунти од Рома минатото лето и во моментов е првиот стрелец на клубот и по многумина еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, додека Мане од Саутемптон пристигна во 2016. година и исто така е еден од најдобрите играчи на „Енфилд“. Тие двајца наскоро ќе добијат двојно повеќе подобри усови од оние кои ги имаат во сегашниот договор, а Ливерпул за иднината ќе добие неверојатна офанзива и тоа секако треба да биде радосна вест за сите навивачи на клубот со богата и голема традиција.
Доколку ги задржи сите играчи и доведе две-три квалитетни засилувања, Јирген Клоп за цел ќе мора да има нешто повеќе од пласман меѓу најдобрите четири екипи во Премиер лигата, без оглед на тоа колку се силни Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.