Дома Фудбал Навивачите на Лацио „удрија“ по капитенот: „Пензионирајте се или одете во Саудиска Арабија“

Навивачите на Лацио „удрија“ по капитенот: „Пензионирајте се или одете во Саудиска Арабија“

Со победата против Лацио со 3:0, Баерн се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот клуб во игра влезе со негатива од еден гол од првиот натпревар. Во Минхен го видовме очекуваното сценарио – Лацио најмногу се бранеше, додека Баерн напаѓаше. Првиот гол го постигна Хари Кејн во 38. минута.

Се ќе беше поинаку доколку Чиро Имобиле погодеше од чиста шанса минута порано. Но, италијанскиот напаѓач, со глава од пет метри шутираше покрај голот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Многу навивачи на Лацио го обвинија за ова промашување. Тие не го штедеа својот капитен во коментарите на социјалните мрежи. „Пензиониран Имобиле, збогум Лига на шампиони, пензионирајте се или оди во Саудиска Арабија“, се најчестите коментари за синоќешниот настап на Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична вест за Милан пред клучниот натпревар во Неапол

Во понеделник од 20.45 часот на „Марадона“ ќе се игра големото дерби од 31. коло на Серија…