Дома Македонски спорт Мак ракомет Навивачите во Загреб скокаа по крстот!

Навивачите во Загреб скокаа по крстот!

Македонските ракометари се наоаѓаат во Вараждин и се спремаат за мечот со Шпанија, а дел од навивачите како и Македонците кои живеат во Хрватска, денес го прославија големиот христијански празник Богојавление Водици.

Македонските ракометари се преселија во Вараждин, но Фалангата се уште е во Загреб, па традиционалното фрлање на крстот се случи пред православниот храм „Света Злата Мегленска“, крстот го фати Петар Симонов од Скопје.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Парохискиот свештеник даде благослов за нашите ракометари пред стартот на натпреварите во главната групна фаза во Вараждин.

Големите ракометни натпреварувања се одржуваат во јануари, а македонските навивачи веќе традиционално за Водици скокаат по крстот во земјата каде што ја бодрат репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар ослабен ќе ја започне европската сезона

Eкипата на Вардар во СЦ „Јане Сандански“ утре ќе го игра првиот натпревар во Европа по пау…