Дома Фудбал Репрезентации Му пропадна работата во Астон Вила, па сега Тиери Анри може да соработува со Салах

Му пропадна работата во Астон Вила, па сега Тиери Анри може да соработува со Салах

henry

Прославениот француски фудбалери, Тиери Анри беше пред седнување на тренерското столче на Астон Вила, но на крајот целата работа пропадна.

Анри со тренерската работа започна уште во 2016 година, станувајќи помошник во селекцијата на Белгија, а сега одлучи да отвори ново поглавје со самостојна тренерска работа.

Како што споменавме беше блиску до Астон Вила, но на крајот целата зделка пропадна, а сега медиуми шпекулираат дека би можел да седне на селекторската клупа на Египет, како и дека преговорите се започнати.

Египќаните нов селектор би можеле да именуваат многу брзо, а освен Анри во потесниот кру се уште Вахид Халихоџиќ, Жорге Луис Пинти, Кике Санчез Флорес и Хавиер Агире.

Од Фудбалскиот Сојуз на Египет порачаа дека бараат стратег кој со репрезентацијата ќе работи до 2022 година, кога се игра Мундијалот во Катар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гоче може и со десна: Гол на Пандев против Удинезе! (ВИДЕО)

Денес својот натпревар од Серија А го играат Удинезе и Џенова. Македонскиот капитен Горан …