Дома Фудбал Муту мора да му плати на Челси преку 17 милиони евра

Муту мора да му плати на Челси преку 17 милиони евра

Романскиот фудбалер Адриан Муту летото 2003. година го засили тимот на Челси од редовите на Парма за 17 милиони евра.

Муту тогаш важеше за еден од најдобрите играчи во Италија, а Челси одлучи да го купи и за него издвои тогаш голема сума на пари. Во првата сезона романскиот фудбалер одигра 27 натпревари и постигна 6 погодоци и кога се чинеше дека добро се бклопи во тимот, тогаш настана хаос.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, во октомври 2004. година Муту беше позитивен на кокаин тест што ја шокира фудбалската јавност. Челси одлучи веднаш да реагира и доби неколку месеци суспензија. После тоа од клубот одлучија дека најдобро би било да му се заблагодарат за соработката.

Летото 2005. година Муту потпиша за Јувентус, но од Челси не се откажаа од Романецот и случајот со кокаинот. Тие испратија тужба до ФИФА и побараа Муту да плати 17.173.900 евра, односно износот кој го платија за негов трансфер.

ФИФА одлучи дека Муту мора да плати 17 милиони евра на Челси, што го шокираше играчот. Откако поднесе жалба целиот тој процес траеше преку десет години и денеска е потврдено дека Муту мора да го плати тој износ на лондонскиот клуб.

Сепак, Муту веднаш порача дека нема толку пари и дека не може да ја уплати бараната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар се налути и нападна новинар: Уште една измислена вест!

Бразилецот Нејмар (33) повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради неговит…