Дома Фудбал Англија Мурињо ќе го одмара за Ајакс: Руни без поздрав би можел да замине од „Олд Трафорд“?

Мурињо ќе го одмара за Ајакс: Руни без поздрав би можел да замине од „Олд Трафорд“?

Англискиот репрезентативец веќе не е стандарден напаѓач во играта на Јунајтед, а иако Жозе Мурињо многу го цени, барем кога станува збор за изјавите, но Руни оваа сезона пропушти многу натпревари.

Како што стојат работите, Руни следната сезона нема да биде фудбалер на Манчестер Јунајтед, па натпреварот против Кристал Палас би можел да му биде последен во кариерата за Манчестер Јунајтед. Сепак, Жозе Мурињо изјави дека Руни ќе одмара за финалето во Лигата на Европа, каде што неговиот тим ќе игра против Ајакс.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа би можело да значи дека Руни би го напуштил Јунајтед без поздрав од публиката, а тоа за англискиот репрезентативец би бил навистина тажен настан.

Потсетуваме дека Руни е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и најдобар стрелец во историјата на Англиската репрезентација. Како нов негов клуб се споменува Евертон, клуб за кого Руни настапуваше пред да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…