Дома Трансфер зона Мурињо ја сака ѕвездата на шведската репрезентација!

Мурињо ја сака ѕвездата на шведската репрезентација!

Жозе Мурињо ова лето го донесе Швеѓанецот Виктор Линделоф од Бенфика, па иако многумина тврдат дека тој е разочарување, „Специјалниот“ на лето сака да го донесе неговиот сонародник.

На мета на Мурињо веќе подолго време е фантастичниот играч на Лајпциг, Емил Форсберг, а „Специјалниот“ и лично го гледал неговиот настап во баражот против Италија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Овој крилен фудбалер минатата сезона блескаше и беше најзаслужен за историскиот успех на Лајпциг, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Форсберг има 26 години и сигурно дека Лајпциг нема лесно да се откаже од него, но Јунајтед има доволно моќ и финансии да ги убеди Германците и да го донесе Форсгерг во Премиер лигата.

Покрај Мурињо, силен интерес за Швеѓанецот покажуваат уште Ливерпул и Милан, но Манчестер Јунајтед во моментов е фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…