Дома Фудбал Останато Мурињо ја коментираше одбраната на Јунајтед против Барса: Грозно!

Мурињо ја коментираше одбраната на Јунајтед против Барса: Грозно!

0

Жозе Мурињо веќе четири месеци не е на клупата на Манчестер Јунајтед.

После две ипол сезони, „сепцијалниот“ доби отказ на клупата на „црвените ѓаволи“, а место него тимот го превзема Оле Гунар Солскјер.

Кога Солскјер пристигна Манчестер Јунајтед започна да игра одлично. Клубот од „Олд Трафорд“ играше преркасен фудбал, но во последно време како „ѓаволите“ одново да паѓаат во формата.

Во Лигата на шампионите немаа шанси против Барселона, а Жозе Мурињо како стручен консултант за руска телвизија го прокоментира пораз, а за играта на својот поранешен тим во одбраната кажа дека е грозна.

„Јунајтед прави многу грешки, одбранта беше грозна. Погледнете ги само головите на Кутињо и Меси. Јунајтед во првиот натпревар играше добро во средниот ред. Овде покажаа еден друг начин на игра со Џеси Лингард зад напаѓачите. Во дефанзивата остана само Фред, а тоа е позиција каде што Меси е најсилен“.

„Едноставно немаш што да правиш кога тој ќе ја добие топката. Никогаш не сум сакал еден човек да го чува Меси. Потребен е кафез за да биде запрен“, изјави Мурињо, а потоа заклучи:

„Барселона е Барселона. Подобри беа од Манчестер Јунајтед. Имаат подобри играчи во овој момент и сметам дека е сосема нормално што се пласираа во следната фаза“, истакна Жозе.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал ги претстави гостинските дресови – фановите воодушевени

Арсенал денес и официјално ги претстави гостинските дресови за новата сезона, кои се израб…