Дома Фудбал Англија Мурињо: Среќен сум за втората позиција, но не скокам од среќа

Мурињо: Среќен сум за втората позиција, но не скокам од среќа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека неговиот клуб не го слави второто место на табелата во Премиер лигата.

Јунајтед сезоната ќе ја заврши на четири позиции подобро место и девет бодови повеќе од минатата сезона, но на „Олд Трафорд“ не се задоволни бидејќи гледаат во грбот на градскиот ривал Сити, новиот шампион на Англија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Се чуствувам во ред бидејќи сме втори, но не скокам од среќа. Тоа не е во мојата природа. Ниту во природата на Манчестер Јунајтед. Не ја славиме втората позиција, но среќни сме бидејќи пред неколку месеци сфативме дека не можеме да ја освоиме титулата, па нашата цел беше втората позиција“, изјави Мурињо.

„Ѓаволите“ во вчерашниот натпревар ремизираа против Вест Хем во Лондон без голови, а во последното коло во недела го дочекуваат Вотфорд.

„Пласманот помеѓу најдобрите четири (место во ЛШ) очигледно е голема работа, но подобро е да се заврши втор, отколку четврт. Овие момци заслужија да бидат вицешампиони што и не е лошо во ваква ситуација“, заврши Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бекам се обиде да го убеди Меси, но разбра: „Никој не ја сака Барселона повеќе од него“

Фудбалерите на Интер од Мајами со победата против Ванкувер го освоија првиот трофеј на МЛС…