Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо може да го шокира фудбалскиот свет и да го привлече легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери, пренесуваат неколку еминентмни медиуми на Островот.
Мурињо во текот на целиот летен преоден рок бараше да му биде донесен дефанзивец кој ќе донесе стабилност во последната линија, но раководството не му ја исполни желбата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа доведе до протести од страна на фановите кои го обвинија генералниот директор Вудворд дека не му дал подкрепа на Мурињо кога се трансферите во прашање.
Џон Тери во моментов е слободен агент, откако ја напушти Астон Вила, и се уште е во потрага по нов клуб. Мурињо и Тери се блиски и Португалецот смета дека би можел да му помогне на тимот да ја стабилизира одбраната.
Звучи неверојатно, но Мурињо е секогаш спремен на изненадувања…
Could John Terry be the man to solve Manchester United’s defensive woes? ?@talkSPORTDrive thinks so… #CFC #MUFChttps://t.co/jHKZL1aDNe
— talkSPORT (@talkSPORT) September 5, 2018