Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира до крајот на преодниот рок да донесе засилување од Реал Мадрид.
Мурињо не е задоволен од играта на својот тим во последно време и смета дека треба да донесе уште засилувања со што ќе му биде сериозен конкурент на Сити и Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На неговиот радар сега е хрватскиот репрезентативец Матео Ковачич за кој Мурињо смета дека ќе биде идеално решение во средината на теренот. Како што пренесува Дон Балон, Зинедин Зидан не сака да остане без Ковачич, посебно не во јануари, но од друга страна Мурињо нема да прифати одговор ‘не’ бидејќи е цврсто решен да го засили средниот ред до крајот на преодниот рок.
Да потсетиме, Ковачич оваа сезона има проблем со повреди, а до сега одигра само 10 натпревари во сите натпреварувања и има една асистенција.