Дома Фудбал Англија Мурињо со настапите на конференциите ги заштитувал играчите?

Мурињо со настапите на конференциите ги заштитувал играчите?

Победата од 2:0 против Барнли како барем малку да ги смири страстите во Јунајтед.

Жозе Мурињо беше под голем притисок на јавноста и медиумите на Островот после лошиот старт на сезоната, а според изјавата на Немања Матиќ Мурињо со настапите на прес-конференцииите само сакал да го навлече бесот на себе и да ги заштити играчите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Знае Мурињо добро што прави и вие медиумите знаете што е добро за нас. Жозе е експерт да се избори со притисокот, затоа е и тренер на Манчестер Јунајтед“, изјави Матиќ.

Со головите на Лукаку победена е тврдата екипа на Барнли на гостински терен.

„Бевме полни со самодоверба пред натпреварот, тренерот ни кажа како да играме и тоа го направивме. Знаевме дека ќе играат да долги топки, затоа Маруан игра малку поблиску до одбраната, за да ги спречи тие проблеми. Се уште сме во игра за титулата“, заврши Матиќ.

Јунајтед после првите четири кола има освоено шест бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …