Дома Фудбал Англија Мурињо: Со луѓето од НАСА не зборувате за ракетите, а сите сакаат да расправаат со мене за фудбал

Мурињо: Со луѓето од НАСА не зборувате за ракетите, а сите сакаат да расправаат со мене за фудбал

И во минатото сме биле сведоци на многу интересни изјави на Жозе Мурињо, а една таква Португалецот даде и сега.

Mурињо во последно време добиваше критики од медиумите поради лошите резултати на Тотенхем, а посебно тоа беше случај после елиминацијата од Динамо Загреб во Лигата на Европа. На таквите критики Жозе имаше спремено интересен одговор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не верувам дека некој со луѓето од НАСА зборува за ракетите, но затоа сите мислат дека можат да зборуваат за фудбал со мене. Да дебатираат со еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Мурињо.

Ќе потсетиме, Тотенхем во Лигата на Европа против Динамо Загреб имаше 2:0 од првиот натпревар, но во Загреб беше поразен со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…