Дома Фудбал Англија Мурињо слави – се враќа најдобриот

Мурињо слави – се враќа најдобриот

Пол Погба доживеа повреда на бутниот мускул уште на 12-ти септември и од тогаш е надвор од терените и не е во можност да им помогне на своите соиграчи.

Од тогаш „црвените ѓаволи“ го испуштија чекорот со лидерот Манчестер Сити, сега заостануваат 8 бода, па јасно е дека Французинот има многу важна улога во тимот од „Олд Трафорд“.


Сега конечно е обелоденето кога навивачите на Јунајтед конечно можат да го очекуваат на терените. Според последните информации од медиумите Погба на терен ќе се врати 18-ти ноември, поточно против Њукасл во 12-то коло од Премиер лигата.

Добри вести за Жозе Мурињо се и дека наскоро на терените се враќаат и Маркос Рохо и Златан Ибрахимовиќ, но се уште не се знае точниот датум на нивното враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ја нападна Премиер лигата поради густиот распоред: Се бориме, а ништо не се менува

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола ја критикуваше англиската Премиер лига затоа што …